За смедеревката 11, за вранецот 13 денари од килограм
Објавено во: Агробизнис 20 Август, 2013 20:39
Oткупната цена за смедеревката со 17 шеќерни единици да биде 11 денари, за вранецот со 19 шеќерни 13 денари. Ваква цена е прифатлива за претставниците на винскиот сектор, посочиле на средбата со министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и Зоран Коњановски, со можност за раст зависно од шеќерните единици на грозјето.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, покрај за цената, се разговарало и за досегашниот откуп на вискоквалитетните сорти на винско грозје, а претставниците на винскиот сектор биле информирани за очекувањата и барањата на лозаропроизводителите.
„ Во насока на подобро организирана откупна сезона, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство побара во наредните денови да се интензивира соработката со лозаропроизводителите, во насока на организирана берба и организиран откуп, со постигнување на технолошката зрелост на секоја сорта на винско грозје. Истовремено, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави дека заеднички тимови од Државниот инспекторат за земјоделство, Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат, од оваа недела до крајот на откупната сезона ќе бидат присутни на откупните пунктови за винско грозје“, стои вели во соопштението од ресорното министерство.
На средбата било потенцирано дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го интензивира дијалогот на лозаропроизводителите и претставниците на винскиот сектор бидејќи е во интерес и на двете страни.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





