Добивај вести на Viber
Токму пред новогодишните празници граѓаните на Скопје ги затекна непријатна честитка од општина Центар. Од пштината се поставени табли на кои пишува дека за општински паркинг, на улица 27-Март, во непосредна близина на градскиот плоштад, цената изнесува ни помалку ни повеќе туку 100 денари за еден час паркирање.
Според граѓаните цената е превисока, голем дел од нив ваквата цена за паркинг неможат да си ја дозволат, бидејки имаат многу ниски примања. Сепак од Паркинзи на Општина Центар одговораат: ” Цената е разумна, а граѓаните се задоволни ” .