За српски политичар бегството на Груевски е најдобро решение
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2018 16:39
Пратеник на српската СНС вели дека бегството на екс премиерот, Никола Груевски е најдоброто решение.
Бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од земјата е најдоброто решение, дека со тоа „американскиот пион Зоран Заев на подолго време загуби адекватен противник на политичката сцена, а Груевски не лежи робија за глупост, порачува во колумна објавена во вчерашниот број на српскиот весник „Блиц“ парламентарецот и функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС), Владимир Ѓукановиќ.
Тој најострите обвинувања ги упатува кон САД. Ѓукановиќ вели дека се поставува прашањето „дали Груевски доброволно се согласил да замине или пак бил натеран, по принципот дека тоа му била единствената шанса да ја зачува главата“.
Ѓукановиќ обвинува дека пресудата за Груевски е „напишана во американската амбасада во Скопје“, но и дека „на самите Американци им е јасно дека од него не смее да се прави политичка жртва, па најдоброто решение било некако да се отарасат од него“.
Груевски е осуден на затворска казна од две години во судскиот процес „Тенк“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




