ЗА СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ СЕ ПИШУВА ВО МЕДИУМИТЕ НА БАЛКАНОТ: Продажбата на неговиот имот ги заинтригира медиумите од регионот
Објавено во: Финансии 30 Јуни, 2025 08:58
Порталот за бизнис и пари Бизпортал.рс, пишува дека Македонија ги стави на продажба становите на поранешниот премиер Никола Груевски на Водно, во вредност од над 2,4 милиони евра, објавија денес локалните медиуми.
„Станува збор за три ексклузивни луксузни станови во елитниот комплекс „Панорама“ на Водно, со вкупна површина од 750 квадратни метри, објавува Плусинфо.
Становите се луксузно опремени, со пространи балкони и панорамски поглед на градот.
Имотите беа запленети во случајот „Парцели на Водно“, а Агенцијата за управување со запленет имот ги стави на јавна аукција, објави Фокус.
Покрај становите на Водно, на продажба се и два стана во Кисела Вода, во зградата каде што живеел Груевски пред неговото бегство во Будимпешта, објавува Танјуг.
Едниот стан има површина од 57 квадратни метри и се нуди за 63.000 евра, додека другиот, со површина од 38 квадратни метри, се продава за 44.000 евра.
Продажбата на имотот се спроведува во согласност со новиот Закон за управување со запленет имот, донесен во март 2025 година.
Овој закон забранува учество на членови на семејствата на поранешните сопственици на јавни аукции.
Најавената продажба на становите на Никола Груевски се смета за симболичен, но важен чекор во враќањето на криминалниот имот и враќањето на довербата во владеењето на правото.
Поранешниот македонски премиер беше осуден на девет години затвор во случајот „ТНТ“ во 2022 година од страна на Кривичниот суд. Претходно, Груевски беше осуден на седум години затвор за земање 1,3 милиони евра од ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј член беше, и инвестирање во атрактивно градежно земјиште.
Груевски е во Унгарија, каде што доби азил“, пишува порталот.
Бизпортал.рсМожеби ќе ве интересира
ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра




