За третата доза подобро е да се прими вакцина од друг производител, вели српски микробиолог
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 21 Април, 2021
Српски микробиолог тврди дека за третата доза подобро е да се прими вакцина од друг производител.
Микробиологот и професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Крагуевац, д-р Дејан Баскиќ, за ТВ К1 изјави дека e вакциниран со вакцината на „Фајзер“, но дека во следната фаза од вакцинациите ќе ja прими кинеската „Синофарм“.
„Се покажа дека оваа вакцина е побавна во создавањето на имунолошки одговор и треба подолго време за да се создаде заштита, но кинеската вакцина го содржи целиот мртов вирус и развива имунолошки одговор на сите компоненти на вирусот, не само на познатиот С-протеин, додека ‘Фајзер’ го подготвува имунолошкиот систем само на С-протеин“, вели Баскиќ за ефикасноста на вакцината, пренесува „Танјуг“.
Тој ги спомена резултатите од истражувањата кои покажуваат дека кинеската вакцина е подобра за заштита од нови мутации, конкретно ова важи за бразилската мутација. Српските граѓани пред сите други во регионот имаа избор од неколку вакцини. Се почесто се спомнува дека вакцината против ковид може да стане сезонска.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.