„За успомен и дуго сечање“ од Зуди Енуз за МЕПСО! Екс директорот на последниот ден од мандатот потрошил 59.000 евра за мобилни телефони!!!
Објавено во: Економија 19 Септември, 2024
Во последниот ден пред да бидат разрешени генералниот директор и уште двајца директори и членови на Управниот одбор купиле 250 мобилни телефони за потребите на МЕПСО за кои компанијата ќе плати 59.000 евра
Зуди Енуз, екс генералниот директор на МЕПСО на последниот ден од неговиот мандат 29 јули годинава потпишал договор за набавка на 230 мобилни телефони за кои државниот електропреносен систем-оператор ќе плати 59.000 евра. Ова се официјални податоци од сајтот на Бирото за јавни набавки кои се јавно достапни.
Во структурата на набавката има две ставки. И двете се за мобилни телефони од различни производители и различни модели. Зуди Енуз за МЕПСО набави 150 мобилни телефони од кинескиот производител Xiaomi , а моделот е Redmi Note 13 и за нив ќе плати вкупно 27.900 евра. Односно по 186 евра за еден телефон со вклучен ДДВ во цената.
Во понудата има и поскап телефон од производителот Samsung моделот Galaxy A55. За 80 парчиња од ово модел МЕПСО ќе плати 31.100 евра односно по 389 евра за секој набавен телефонски апарат со вклучен ДДВ.
Договорот за набавка на мобилни телефони трае осум месеци, односно до крајот на март идната година.
Телефоните треба да се достават во рок не подолг од пет месеци од денот на нарачката, а МЕПСО да плати по вирман и по прием на фактура во рок од 30 дена.
Телефоните се со гарантен рок од две години од денот на потпишување на записник за примопредавање на робата.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.