05 Декември, 2025
0.0865

За увоз на гас лани се потрошени 55 милиони евра!

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2012 14:11

Добивај вести на Viber

Во отсуство на гасовод и поголемо домашно производство на електрична енергија, македонските компании бараат начини  како да штедат на трошоци за да бидат конкурентни на странските пазари, каде што енергенсите не се луксуз. Компаниите бараат Владата конечно сериозно да се посвети на капиталните инвестиции во енергетиката Катерина Попоска Македонија увезе 136,6 милиони нормални метри кубни гас минатата година за да ги задоволи потребите на индустријата од овој енергенс, што е раст од 15% во споредба со потрошувачката во 2010 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2010 година Македонија увезе 118,4 милиони нормални метри кубни гас. Иако статистиката не објавува колкав одлив на девизи е овој увоз, пресметките на Фактор покажуваат дека минатогодишниот увоз чинел 54,4  милиони евра, ако се знае дека цената на гасот е околу 400 евра по метар кубен. Најголемата потрошувачка на природен гас во 2011 година е за енергетски трансформации во износ од 60.1%, додека во индустријата од 37.3 %  од вкупно потребниот природен гас. По месеци, најголема потрошувачка на природен гас имаше во февруари, од 22 милиони нормални метри кубни гас, а најмала во август од 3,8 милиони нормални метри кубни гас. Индустријата за железо и челик и понатаму е најголемиот потрошувач на гас. Само компаниите од оваа индустрија лани потрошија 34,7 милиони нормални метри кубни гас.   Гасот-луксуз за македонските компании Додека најевтиниот енергенс, природниот гас, е широко употребуван во Европа, само 30-ина македонски компании во земјава ја имаат “привилегијата” да работат на гас, кој е најскап во споредба со земјите од регионот, па дури и со европските земји. Податоците покажуваат дека рускиот гас донесен до македонска граница, а закупен од дистрибутерот Макпетрол минатата година чинеше фрапантни 370 евра за 1.000 нормнални метри кубни. Состојбата е уште пострашна ако се земе предвид дека рускиот гас до бугарската граница во 2011 година чинеше околу 270 евра, а до српската 300 евра. Податоците до кои дојде Фактор покажуваат дека на оваа висока набавна цена Макпетрол ги пресметува данокот на додадена вредност и тарифата за пренос, со што цената на природниот гас за компаниите достигнува речиси 400 евра за 1.000 нормални метри кубни гас. Дека скапите енергенси директно удираат врз конкурентноста на македонските производи, чијашто цел се странските пазари е повеќе од очигледно. Дел од 30-ината компании кои доминантно работат на природен гас се речиси едногласни дека растот на цената на енергенсите ги поскапува нивните производи, што ги прави нерамноправни на пазарите каде што има различни производи од различни држави. “Со константното поскапување на природниот гас или на струјата сe повеќе се зголемува песимизмот за понатамошното работење. Ако цената на овие енергенси ја пресметаме во крајните производи, тоа значи апсолутна неконкурентност на европските пазари”, објаснуваат од компаниите. Менаџерите на овие компании алармираат гасоводот на кој чекаат цела транзиција што поскоро да стане реалност. Поголемата потрошувачка на гас ќе значи и пониски цени, поисплатливо и поконкурентно производство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември