ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?
Објавено во: Балкан 22 Април, 2024
Одрекување од Косово и официјално стана услов за членство на Србија во Европската Унија(ЕУ). Ова го пишуваат српските медиуми.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) усвоија измени и дополнувања на поглавјето 35 во пристапните преговори на Србија со ЕУ кои се однесуваат на обврските на Србија што произлегуваат од договорот кој беше постигнат лани во Брисел и во Охрид.
Се работи за формална потврда на измените кои државите членки ги усвоија на ниво на амбасадори на 15 април, со што тие и официјално станаа составен дел од преговарачкиот процес за членство на Србија во ЕУ.
„Србија треба во целост да ги примени своите обврски кои произлегуваат од договорот на патот кон нормализација со Косово, во склад со анексот за имплементација договорен на 18 март“, се наведува во усвоениот текст во кој РТС имаше увид.
Тоа практично значи дека Србија мора да прифати Косово да стане член на Обединетите Нации (ОН), што и сега претсатвува официјално барање на Брисел за натамошен пат на Србија кон ЕУ, пишува Новости.