20 Декември, 2025
0.0349

ЗА ВМРО-ДПМНЕ Е ПРИФАТЛИВО: Дали ќе имаме двојни избори на 8 мај?

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2023 17:48

Добивај вести на Viber

Двојни избори можно е да се одржат на 8 мај идната година.

Тоа е можниот датум за одржување на втор круг од претседателските избори заедно со парламентарните. Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите во нивниот редовен термин, но дека конечниот договор меѓу партиите ќе се соопшти деновиве.

Во согласност со уставните рокови, 8 мај е последен термин во кој може да се одржи втор круг од претседателските избори и прв термин за одржување на парламентарните избори. Спикерот Талат Џафери неодамна објасни дека единствен термин за да се одржат заедно претседателските и парламентарните избори во редовен термин е 5 мај, но затоа што на тој датум се паѓа Велигден, споени избори може да има на 8 мај во среда. Со реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е чекорот што го баравме и го очекувавме со оглед на тоа што споени избори се единствен логичен расплет на настаните со тоа што ќе се одбегне грч на стопанството и потребата финансиски да се оптоварат граѓаните преку зголемени трошоци за евентуални разделени избори“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако изборите се закажат на 8 мај, тогаш Собранието до 29 јануари треба да ја избере техничката влада, чиј мандат е 100 дена пред парламентарните избори. Oпозицијата извесно време бара избори. Тие се против уставните измени. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки