19 Декември, 2025
0.1494

За ВМРО-ДПМНЕ случајот со Сеад Кочан е замолчување на медиум, СДСМ бара одговорност

Објавено во: Македонија 16 Март, 2017 13:09

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ со внимание и одблиску ги следи тенденциите на партискиот огранок на СДСМ наречен СЈО, како и на Зоран Заев и неговите сценаристи, но и на и судиите кои се под влијание или под притисок на СДСМ во случајот со обидот за незаконско одредување притвор на сопственикот на ТВ НОВА, Сеад Кочан, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа постапка има три јасни цели: прво притисок и по можност згаснување на ТВ НОВА, второ, испраќање порака и заплашување до сите медиуми кои не мислат како аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите сценаристи, дека ако не ја сменат уредувачката политика по желба на Заев, СЈО и нивните сценаристи дека ќе се соочат со политички прогон, притвори и други чекори кои не се засновани на закон и владеење на правото, откако претходно ќе биде извршено влијание врз судиите и трета цел заплашување на припадниците на етничките заедници кои не се согласуваат со политиките на Зоран Заев и со прифаќањето на Тиранската Платформа која значи губење на мултиетничкиот карактер на државата и градење на бинационална држава“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува судиите, независно дали се под притисок на СДСМ, или пак од било која причина сакаат да го задоволат Зоран Заев и неговиот сценарист, дека треба да работат согласно законот и Уставот и дека не смеат да се претворат во политичка алатка на СДСМ и СЈО. Секое незаконско работење ќе подлежи на одговорност, и секој во оваа држава треба да е еднаков пред законите, вклучително и судиите.

Евентуалното подлегнување на притисок или влијание врз судот во случајот со сопственикот на овој медиум нема да остане без реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Паднаа маските на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ. 

„Соопштението во коешто ВМРО-ДПМНЕ го штити медиумскиот и бизнис партнер на Груевски, Сеад Кочан, потврдува дека се што прави оваа партија има единствена цел, заштита на нивните криминали и лично стекнатите богатства. Секој кој работел противзаконски мора да понесе одговорност“ - додаваат од СДСМ. 

Раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане со злоупотребата на луѓе за протести, дури и на деца, ученици, да престанат да провоцираат инциденти, конфликти и насилство и да овозможи мирен трансфер на власта, наведуваат од партијата. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки