26 Декември, 2024
0.1438

За вработувањата Димовски ќе се објасни во среда, Лазаревски нема да работи во АНБ

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Се ќе кажам пред собраниската Комисија за надзор на безбедносно разузнавачките служби во среда, а тогаш ќе дадам и изјава за медиумите. Ова за Фактор кусо го изјави Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност, АНБ, по обвинувањата за вработувања во Агенцијата спротивно на законите.  

А дел од медиумите објавија дека, за неполн месец од почетокот со работа на АНБ, за неа се шират информации за можен бунт, поради наводно изигрување на критериумите за нови вработувања, како и за селекција на кадрите од УБК.

За овие информации, Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, во среда треба да се појави и да даде објаснување пред собраниската Комисија за надзор на безбедносно разузнавачките служби. Претседател на Комисијата е пратеникот Трајко Вељаноски, од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Фактор денеска го праша директорот на Агенцијата, Димовски, каков е неговиот став околу овие обвинувања, но тој кусо одговори дека се ќе каже пред комисијата, а потоа и официјално пред медиумите, за јавноста да биде правилно информирана. Односно, тој ќе треба прецизно да одговори на критиките за начинот на кој се вршела селекција на кадрите за ноформанираната Агенција, која треба да ја замени компромитираната УБК. 

Неодамна Димовски за медиумите изјави дека не може да се разговара за конкретни случаи, бидејќи согласно со законската регулатива - бројот, имињата и конкретните работни позиции на припадниците на безбедносните служби се класифицирани информации.

„Заради тоа, за сите постапки поврзани со конкретни случаи се реферира и се разгледуваат во рамките на надлежни тела за контрола и надзор врз работата на безбедносните служби“, изјави тогаш Димовски, додавајќи дека кај нас тоа е надлежното собраниско тело за надзор на работата на Агенцијата.

Тој тогаш нагласи и дека во однос на критиките за селектирани работници, наводно спротивно на законските одредби, било постапувано исклучиво по општите и посебни услови за засновање на работен однос, согласно со член 67 од Законот.

Ова ќе биде прва седница на надзорната комисија по формирањето на АНБ, која почна со работа на 1 септември. 


А според сознанијата на Фактор, екс разузнавачот Ѓорги Лазаревски нема да работи во Агенцијата за национална безбедност. 

Според нашите информации, Лазаревски, кој сега е вработен во Министерството за внатрешни работи, конкурирал за место во Агенцијата, и ја поминал втората процедура, но не успеал да го исполни условот за стаж, а тоа е да нема стаж подолг од 40 години, заедно со бенефицираниот стаж. 

Односно, според информациите, Лазаревски има подолг стаж од 40 години, а условот за работа во АНБ е да не се надминува овој лимит.

Лазаревски, кој всушност има 57 години, има ефективен работен стаж од 32 години, но заедно со бенефицираниот стаж, го надминува условот од 40 години.

А одредени медиуми објавија дека во новата Агенција ќе работат и Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, што за нив е спорно, бидејќи, како што пишуваат, тие се осудени во предметот Пуч. 




Можеби ќе ве интересира

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници