„За заедничка Македонија“ и денеска на нозе - се протестира 24-ти ден
Објавено во: Македонија 22 Март, 2017
Продолжуваат и денеска протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Денеска е 24 - ти ден од почетокот на собирите, а граѓаните во огромен број протестираат против наметнувањето на платформи од туѓи држави и бараат да се сочува унитарна и суверена Македонија. Тие се против двојазичност и федерализација. Сметаат дека платформата од Тирана треба да се отфрли.
Велат дека нема да потклекнат на притисоци.
Организторите велат дека маршевите продолжуваат сѐ до исполнување на барањата.