„За заедничка Македонија“ и вчера протестираше против албанската платформа
Објавено во: Македонија 16 Март, 2017 10:28
Поддржувачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжија и синоќа со протести во Скопје и во уште 30 градови против платформата на албанските партии, која како сметаат го загрозува унитарниот карактер на државата.
Еден од организаторите Богдан Илиевски рече дека вечерва ширум Македонија на протести се собрале повеќе од 150 илјади граѓани. На демонстрантите во Скопје им се придружија и камионџии и сите заедно изразиле подготвеност да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на државата и одбрана на Уставот на Македонија.
На неколку локации во Скопје беа излепени плакати со фотографиите на пратениците од СДСМ Стево Пнедаровски, Павле Богоевски и Ивана Туфегиќ, кои симболизираат потерници.
На плакатите се наведува дека пратениците од СДСМ се предавници, бидејќи „прифатиле официјализирање на албанскиот јазик како втор официјален, двојазични банкноти и редефинирање на државата“.
Протестите во Скопје почнаа откако лидерот на ВМРО ДПМНЕ ја обвини СДСМ и Заев дека заедно со албанските политички партии подготвуваат редефинирање на Македонија и ги повика граѓаните да се вклучат во одбрана на државата.
Македонија се наоѓа во длабока политичка криза уште по предвремените парламентарни избори одржани во средината на 2014 година.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




