20 Декември, 2025
0.0465

„За заедничка Македонија“ инсистираат Хан да ги слушне, велат не смее да се игнорира народот

Објавено во: Македонија 20 Март, 2017 17:03

Добивај вести на Viber

Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска на прес-конференција која ја одржаа пред делегацијата на Европската унија во Скопје, повторно побара средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан кој утре ќе ја посети Македонија. 

Велат дека никој не смее да го игнорира народот во Македонија. Објаснуваат дека тие се претставници на иницијативата која секојдневно ја поддржуваат до 200.000 граѓани во цела Македонија.

„Бараме од комесарот Хан да знае дека не може да се прави есап за народот во Македонија без народот во Македонија и бараме да се сретне со нас за да ги реафирмираме нашите барања кои што се ултимативни и непроменливи“- вели Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“.

Илиевски  очекува најголема масовност утре и ги повика сите граѓани на денот на посетата на Хан да излезат на улиците и уште еднаш, да му повторат и покажат и нему и на домашните политички чинители дека никој не смее да ги игнорира.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, кажа дека Хан, утре нема да се сретне со претставниците на иницијативата „За заедничка Македонија“ затоа што овојпат комесарот ќе разговара само со политичките претставници и неговата агенда не дозволувала повеќе.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки