29 Март, 2024
0.0258

„За заедничка Македонија“: Иванов е човекот кој не изведе до победата

Објавено во: Македонија 08 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Во Скопје синоќа се одржа 40-от протест против таканречената Тиранска платформа и заштита на интегритетот на Република Македонија. 

„Веќе 40 дена сме на улиците на татковината. Ќе останеме тука толку колку што е потребно за заштита на единството, јазикот, знамето, грбот и за отфрлање на „Албанската платформа“ соопшти еден од организаторите на Граѓанското движење „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.

Толпата протестанти се собра пред зградата на Владата и оттаму мина по централните улици на главниот град и се упати кон Народното собрание.

Илиевски им рече симболично „Стоп“ на сите кои сакаат да ја “качат Македонија на албанската платформа“. 

“Нема да дозволиме такво нешто. Ќе продолжиме со борбата. Со секој изминат ден ќе стануваме се повеќе и особено идната недела, која е клучна. Тука сме 40 дена, но ќе бидеме уште толку колку што е потребно. Му благодариме на претседателот Ѓорге Иванов. Ова е човекот кој не изведе до победата. Ова е човекот кој стои зад нас, и ние ќе бидеме зад него додека тој ја врши и почитува заклетвата - да го брани суверенитетот на Република Македонија“, рече Илиевски пред граѓаните. 

Борис Дамовски, кој исто така е дел од Граѓанското движење „За заедничка Македонија“, ги повика граѓаните да останат будни, бидејќи „ниту една битка не е освоена за еден викенд“. 

Потсетуваме дека протестите почнаа кон крајот на месец февруари. Тие се одржуваат секоја вечер после 17.00 часот по локално време во десетици градови на земјата. 

Поголеми протести има кога во Скопје пристигнуваат европски политичари, кои се обидуваат да посредуваат во преговорите за излез од политичката криза. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење