„За заедничка Македонија“: Наредната недела е клучна и ќе реагираме во секунда

Објавено во: Македонија 09 Април, 2017 17:00
Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска порачаа дека остануваат будни и и нема да дозволат никој да ја спроведе Тиранската платформа.
Тие повикуваат на уште поголема масовност на улиците во следните три денови, кои се клучни за заштита на унитарноста на државата. На политичките лидери им порачуваат да покажат разум и да се обединат околу националните интереси.
„Наредната недела е клучна за граѓаните и Република Македонија и ќе реагираме во секунда, треба да останеме будни и да следиме се што се случува да не дозволиме мешање во внатрешните работи од страна на соседните држави“ - велат од иницијативата.
Сметаат дека Тиранската платформа е презентирана на Божиќ, намерно за да не предизвикала големи реакции затоа што за празник секој си има други приоритети. Велат истото ќе се обиделе да го направат и за претстојниот Велигден, но овој пат објаснуваат дека тоа нема да помине без реакција.
Протестите ќе продолжат по 42 пат и нема да дозволат да се прифати платформа на туѓа држава.Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Koлку се чека на Табановце и на Богородица?

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

АКО НЕКОЈ СЕПАК СЕ РЕШИ ГРАДОТ ДА ГО ЗАМЕНИ СО СЕЛО: Ова се прашањата кои треба да си ги постави

ЗА 11 ЛИЦА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОСТАПКАТА Е ЗАПРЕНА: Меѓу нив е и Панчо од ДНК

ИМА КРИЗЕН ШТАБ ВО МНР ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: Нашите државјани строго да ги следат националните портали за итни случаи

Мицкоски: „Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна“

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ПЕДИЈАТАР – ПРОФЕСОР СОФИЈАНОВА: Освен што ги лекува бебињата од само еден ден, таа има и висок моден стил

ВМРО СООПШТИ УШТЕ ОСУМ ИМИЊА НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: За Скопје ќе кажат во јули
