За жалење ли е државниот ГТЦ? Само од паркингот лани наплати над 500.000 евра!

Објавено во: Економија 11 Јули, 2024 07:24
Реалноста е сурова и покажува дека ГТЦ е компанија која најмногу приходува од одржување кое го наплаќа од кираџиите и од корисниците на околу 560 деловни единици (н.з. дуќани, кафиќи, ресторани). Приходите на ГТЦ од издавање се дури и помали од приходите што ги наплаќа од паркинг просторот. Камен околувратник на државната компанија е превработеноста. А тоа е потврдено и во извештајот на директорите. Но, заради мир во политичките коалиции на власт досега никој не посегаше да го решава најголемиот проблем. ГТЦ има дури 194 вработени, а главна дејност му е да одржува деловни простори во вкупна површина од 46.000 квадратни метри. Безмалку 50 отсто од целиот расход е за плати на вработените. И покрај подобрувањата на работните процеси од страна на менаџментот лани загубата на ГТЦ изнесува над 400.000 евра.
Наплатата на паркинг лани е втора најголема ставка во сите приходи на државниот Градски трговски центар (ГТЦ)Скопје, некогашната скопска гордост и најпрестижна и најпосетена локација за шопинг и забава. Официјалните податоци покажуваат дека ГТЦ лани од својот подземен паркинг наплатил 518.000 евра што е за 50 отсто поголем приход од оствареното во 2022 година. Според податоците од годишниот извештај менаџментот на државната компанија успеал солидно да ја зголеми ефикасноста на наплатата или пак тоа се должи тоа што паркирањето поскапело. Тоа ќе остане дилема затоа што за жал во годишниот извештај нема детално објаснување.
Анализатата на податоците од годишниот извештај покажува дека претежна дејност на државниот ГТЦ со 194 вработени е одржувањето. Од своите услуги за тековно одржување кое го наплаќа од кираџиите и од сопствениците на продавниците ГТЦ лани наплатил 3 милиони евра. Тоа е убедливо најголемата приходна ставка во структурата на вкупните приходи кои лани изнесувале 4,1 милиони евра.
Од наемнини што треба да биде неговата основна дејност, барем на хартија, компанијата наплатила 368.000 евра. Приходот од нивната куглана „Мусандра“ лани изнесува 15.000 евра.
Кај расходите најголемо е учеството на трошоците за вработените. Во тотал тие изнесуваат 1,57 милиони евра. Од тоа за нето плати на 194 вработени се издвоени 1,05 милиони евра. За К-15 се издвоени 62.000 евра. Просечната нето плата по вработен е меѓу пониските во државата, и изнесува 27.867 денари по вработен.
Кога се анализираат расходите вреди да се истакне и тоа што лани ГТЦ за струја платил 815.000 евра, а за топлинска енергија (градско парно) потрошиле 539.000 евра.
Вкупните расходи на друштвото лани изнесувале 4,54 милиони евра, а фирмата втора година по ред завршува со загуба во работењето. За лани таа изнесува 458.000 евра.
Податоците од годишниот извештај потврдуваат дека ГТЦ е само државно претпријатие за оддржување. Затоа што од вкупно 595 деловни единици ГТЦ располага само со 116 деловни простори со вкупна површина од околу 10.700 квадратни метри. Од нив издадени се само 70 деловни простори со површина од 6.500 квадратни метри. Дури 479 дуќани во ГТЦ се во приватна сопственост, а нивната корисна површина е над 35.600 квадратни метри.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
КОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА МЕСЕЧНО СЕ ВРТАТ ВО БИЗНИСОТ СО БРЗИ ПОШТИ ВО МАКЕДОНИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

Од отпад до визија: Како МИТ ГРУП од Куманово ја градеше иднината со помош на менторство

Ристески: Владината мерка за маржите ја поевтини храната за 3 отсто

ПРАТКИТЕ ОД ТЕМУ СЕ ПЛАТЕНИ И ИМА МОЖНОСТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НО НИЕ ИМАМЕ ЗАШТИТА ПРЕКУ КОДОТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

НОВИТЕ ГАЗДИ НА ХОТЕЛИЕРСКИОТ ГИГАНТ СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ И МИРНА ТРАНЗИЦИЈА ОД ЕРАТА НА ТАНЕВСКИ - за што ќе гласаат акционерите на „Македонијатурист“

Кое е извозното чудо од Велес? За три месеци од извоз на конци и преѓа заработи 1,8 милиони евра!

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

БОЛНИОТ ПАД НА ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Шваб обвинет за манипулација: Тој цврсто ги негира сите обвинувања

ЗА ОВА МОЖАТ ДА ВЕ ВРАТАТ ОД ГРАНИЦА: Доколку сте планирале патување, задолжително проверете една работа
