Забави со познати домашни џез музичари во гурманската авенија на Diamond Mall

Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2024 12:20
Со серија интересни настани и случувања кои ќе бидат организирани во следниот период, Diamond Mall продолжува да креира дополнителна вредност и нови можности за уживање и забава за посетителите.
Едни од тие активности се и џез-забавите што ќе се одржуваат во Гурманската авенија (Gourmet Avenue) на Diamond Mall. Во уникатниот амбиент на овој простор, што функционира како екстензија на Diamond Mall и во кој се сместени неколку ресторани, кафулиња и барови, ќе настапат познати џез музичари од нашата земја.
Овие настани започнуваат на 14 јуни со проектот „Пијан славеј” на дел од членовите на групата „Фолтин“, a продолжуваат на 28 јуни со Тони Китановски и на 5 јули со групата „Gipsy Jazz“, со почеток во 21.00 часот.За одличната атмосфера која се очекува на овие настани, покрај квалитетната музика, посетителите можат да очекуваат и посебна, збогатена понуда на храна, мезе и пијалаци.
Со организацијата на ваков вид настани, Diamond Mall останува доследен на својата определба, која произлегува од оригиналниот концепт на молот, постојано да нуди врвноискуство и уникатно доживување за сите, преку комбинацијата на можности за одличен шопинг, гастрономско уживање и забава.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Групацијата „Балфин“ и „Флајинг Тајгер Копенхаген“ најавуваат стратешка експанзија во малопродажбата ширум Западен Балкан

Отворена современа читална за студентите при Медицинскиот факултет во Скопје, донација на Стопанска банка
Стипендии за средношколци од Македонија2025 – инвестирај во својата иднина!

Нов репер во компактната класа: Претставен целосно новиот Audi Q3

Твојата храброст е почеток на крајот на корупцијата

„UNIBANK INVITATIONAL 2025“ – Повеќе од турнир, јубилејна прослава на лојалноста и спортот
ИНТЕРВЈУ ОЛЧАК: Младите мора да ги заштитиме од пристап до тутунски производи, но на возрасните пушачи сакаме да дадеме шанса за промена

Промоција на книгата „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски
