ЗАБОРАВЕНИ И ОБЕСПРАВЕНИ: Oдат пеш, а потоа со воз или автобус стигаат на работа
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2018 06:32
Во многу краеви во Македонија каде има мал број на жители и каде нема редовни сообраќајни врски или пак инфраструктурата е лоша, да се стигне на работа во град е голем терет за работниците.
Работниот ден сосе превозот мора да биде детално испланиран, така што некогаш е потребно и да станат два часа порано за да навреме стигнат на работното место.
Овие луѓе од политичарите и партиите се заборавени и тие ги посетуваат само за избори. Прилепското село Слепче денес има триесетина постојани жители, кои мора да одат пеш, а потоа да се качат во воз за да стигнат на работа во Прилеп. Од градот се оддалечени 23 км.
„Друго превозно средство освен воз нема. Најмалку 30 минути се оди пеш до железничка во селото, а оттука има уште 30 минути возење со воз до Прилеп. Мора луѓето кои работат да патуваат со воз или да живеат под кирија во Прилеп. Тешко е и затоа народот се сели“ - вели човек од Слепче кој живее во Скопје.
Вакви неразвиени места има насекаде низ Македонија. Таков е случајот и со малото кумановско село Вак'в, кое е на 18 км од градот и кое нема пат.
„За да стигнам на работа, морам еден час порано да сум подготвена, да одам пеш два км до селото Пчиња, па оттука да фатам автобус и за 20 минути сум во градот. Јас веќе се навикнав, но кога времето е лошо, врне, мора некој од дома да ме превезе до соседното село со автомобил, што е обврска плус. Не ми се случило да работам во зима кога има снег, тоа би било тешко“ - раскажува млада девојка.
Горан А. од селото Самоков близу Македонски Брод, вели дека луѓето во селото кое брои 600 жители и е на 35 км од градот се снаоѓаат како знаат и умеат.
„Патиштата се лоши, некои жители одат на работа со јавен превоз, а некои со автомобили, се снаоѓаат. Се возиме 30 минути до градот, има многу попатни станици. Овде какви села има, таму со хеликоптер не може да се стигне, не пак со автомобил. Целиот крај е неразвиен“- додава Горан А.
За работа е тешко, и вели дека луѓето работат само колку да не седат дома. Избор за нешто подобро нема.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




