20 Декември, 2025
0.0790

ЗАБОРАВЕТЕ НА КОНЦЕРТИ: Холивуд ги носи во нашиот дом

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2015 07:25

Добивај вести на Viber

Стивен Спилберг и Ридли Скот веќе продале милиони билети за кино. Но може ли да продадат и посебен вид слушалки за виртуелна реалност? Неколку компании кои работат во областа на виртуелната реалност, се очекува да пуштат до крајот на годината на пазарот нов вид слушалки за корисниците. Истовремено Холивуд развива проекти за купувачите да имаат каде да ги користат предметните уреди. "Ракавицата е фрлена", тврди Крис Едвардс, извршен директор на Virtual Reality Co. (VRC), фирма од Лос Анџелес, која во последниве неколку години работи претежно за предлози поврзани со забавата. Аналитичарите тврдат дека може да се очекува создавање на продавница за апликации поврзани со виртуелната реалност, која ќе биде достапна преку овие слушалки. Тоа ќе биде ефтино и ќе биде поврзано со смартфоните. VRC е создадена од четворица играчи од Холивуд - Едвардс, режисерот Роберт Стромберг, продуцентот Џоел Њутн и инвеститорот Гај Праимс. Компанијата се подготвува да ја лансира нова содржина, поврзана со виртуелната реалност што се развива заедно со режисерите како Стивен Спилберг и Ридли Скот. Форматот кој вклучува стереоскопски дисплеи, реагира на движењата на корисникот, веќе ги заинтригира продуцентите во Холивуд, кои се срамат да не го пропуштат следниот голем удар во индустријата. Но се уште нема наслов, што треба да се пробие во оваа сфера. Сличен тип уреди веќе почнуваат да се појавуваат на неколку клучни за индустријата настани како Tribeca Film Festival, кој започнува оваа недела. На него ќе бидат направени демонстрации на нови апликации на Oculus VR Inc., компанијата за производи во сферата на виртуелната реалност, која Facebook ја здоби минатата година за 2 милијарди долари. Продуцентската компанија Legendary Pictures, која стои зад филмот "Човек од челик", разработува содржина во оваа област, а претседателот на Legendary Томас Тел е еден од инвеститорите во Oculus. Проектите на VRC покажуваат различни жанрови и индустрии кои пројавуваат интерес кон новата технологија, но и економските ограничувања, како и оние во однесувањето на потрошувачите, со кои се соочила таа. VRC доби речиси 23 милиони долари во рамките на кругот на финансирање и обединува сили со играчи во сферата на музиката и музеите на создавање на апликации за виртуелна реалност. Се смета дека виртуелната реалност има потенцијал да ги замени активностите како одењето на концерти или на кино. Стравувањата сепак се поврзани со она што доживувањето нема да биде доволно уверливо и делумно асоцијално, бидејќи бара осаменост, а не средби со повеќе луѓе, тврди Едвардс. Затоа Спилберг, кој е меѓу советниците на одборот на VRC, работи на проект кој Едвардс го опишува како нешто "за семејната публика". Но 3D духот надвисва над целиот потфат. Форматот направи големо враќање во кината по успехот на "Аватар" во 2009 година, но брзиот влез и повисоките цени на билетите сепак имаат шанса да доведат до презаситеност на пазарот. K.K.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии