29 Септември, 2024
0.0278

ЗАБРАНА ЗА ПРОВИЗИИ И НАДОМЕСТОЦИ ЗА БАНКИТЕ: Група пратеници од власта и опозицијата се здружија - бараат укинување на трошоците

Објавено во: Финансии 20 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Забрана за наплата на провизии и надоместоци за отворање, водење или затворање на трансакциска и девизна сметка за физички и правни лица. Исто така забрана за отворање и водење на дебитна или кредитна картичка, ниту пак месечни членарини, без оглед на бројот на картички.

Ова се дел од измените на Законот за платежни услуги и платни системи кои ги предлагаат група пратеници и кои се доставени во Собранието. Од воведот на предлог решението испратено во Собранието, може да се види дека пратеници од Власта се здружени со опозициските пратеници Апасиев и Крмов. Имено, измените се предлог на Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица, како и Маја Морачанин од ДОМ, кои предлагаат измените да се донесат по скратена постапка.

Во предлог решението доставено во Собранието се забележува дека се бара банките да не наплаќаат ниту ажурирање на лични податоци на корисниците на платежните услуги, ниту пак промена на статусот на корисникот на платежна услуга (од резидент во нерезидент и обратно), ниту промена на дневен лимит, или промена на пинови.

Исто така на листата на функции за кои не треба да се наплатуваат трошоци, пратениците ги навеле и аплицирање или промена на дозволено пречекорување, потоа регистрање и овозможување непречено користење на услугата електронско банкарство и електронско плаќање (активен профил), како и услуги на мобилно банкарство (инсталација, регистрација, обнова на УСБ сертификати и сл.). Целосната листа на функции за кои се предлага да нема наплата може да ја видите тука.

- Основната цел на овој Предлог на закон е заштита на граѓаните како корисници на платежни услуги, преку регулација на прашањето на банкарските провизии и другите давачки поврзани со одобрување кредити, за одржување трансакциски сметки и плаќања како што се проверка на состојба на сметка на банкомат да се уреди со закон, а не да се остави на интерните политики на банките кои согласно Законот за платежни услуги и платни системи ги уредуваат и јавно објавуваат. Со постигнување на целта заради која се предлага законот ќе се постигне и решението и начелата на законот, а тоа се заштита на граѓаните од нерамноправната и неповолната состојба во која се наоѓаат во изминатите години и која директно влијае на нивната социоекономска положба – напишале предлагачите во целите на ова законско решение.

Како што се појаснува во предлог решението, забрането ќе биде да се наплатуваат било какви провизии или надоместоци кои се однесуваат на водење и одржување на сметка на платежна картичка, регистрање и овозможување на користење на услугата електронско банкарство, проверка на состојба на сметка на банкомат и издавање изводи за состојба на сметка од експозитура на банка, повлекување на готовина од сметки од банкомат во негова сопственост како банка или од банкомат во сопственост на друг давател на платежни услуги (друга банка), издавање на потврда за состојба на кредит и потврда за затворен кредит, членарина (месечна или годишна) за платежна картичка, административните трошоци за разгледување и обработка на барање за кредитни аражмани за станбен кредит и други провизии за кредит, на административни и судски такси во кој било поединечен износ и на надоместокот односно провизијата за готовински и безготовински платен промет.

- Со предложените законски решенија ќе се заштитат граѓаните како корисници на платежни услуги од плаќања на надоместок или провизија за водење и одржување на сметка на платежна картичка, повлекување на готовина од сметки од банкомат во негова сопственост како банка или од банкомат во сопственост на друг давател на платежни услуги (друга банка), издавање на потврда за состојба на кредит и потврда за затворен кредит, членарина (месечна или годишна) за платежна картичка, за административни трошоци за разгледување и обработка на барање за кредитни аражмани за станбен кредит и други провизии за кредит и законски ќе се ограничи надоместок за провизија за учесникот во платниот промет кога се врши уплата за готовински и/или безготовински платен промет на еден од инструментите за платен промет (уплатница или образец) – се наведува во законот. 

Предлагачите посочуваат дека врз основа на податоците од многуте анализи објавени во 2021 година „македонските банки се одлично капитализирани и финансиски успешни“ и во 2020 година имаат остварено поголема вкупна добивка од 2019 година.

- Од ова може да се заклучи дека банките во Македонија остануваат релативно отпорни на ударите, кои ги нанесуваат пандемијата и светската економска криза, без оглед што им опаѓаат главните приходи од каматите и не можат да заработат од камати, банките овој недостаток го надоместуваат од зголемување на провизиите и другите надоместоци. Според објавените податоци од Државниот завод за статистика речиси една четвртина од жителите на Македонија живеат во предизвикувачки услови што дополнително ја оправдува оваа законска интервенција со која што ќе им се помогне на граѓаните и ќе започне да се намалува, во одредена мера негативното влијание од економската криза – се потенцира во предлог законот.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ЦУКЕРБЕРГ МУ СЕ ПРИБЛИЖИ НА ТРЕТИОТ НАЈБОГАТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ: и официјално меѓу богаташите со над 200 милијарди долари

ЦУКЕРБЕРГ МУ СЕ ПРИБЛИЖИ НА ТРЕТИОТ НАЈБОГАТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ: и официјално меѓу богаташите со над 200 милијарди долари

ПРОДОЛЖУВААТ САМИ И ТВРДАТ: СТАБИЛНИ СМЕ - се огласи Стопанска банка Битола: Депозитите се сигурни, населението продолжува да штеди

ПРОДОЛЖУВААТ САМИ И ТВРДАТ: СТАБИЛНИ СМЕ - се огласи Стопанска банка Битола: Депозитите се сигурни, населението продолжува да штеди

„ИНДИЈА ЌЕ ОСТВАРИ НАЈГОЛЕМ РАСТ“: ОЕЦД проектира раст на светската економија од 3,2 отсто годинава и следната година

„ИНДИЈА ЌЕ ОСТВАРИ НАЈГОЛЕМ РАСТ“: ОЕЦД проектира раст на светската економија од 3,2 отсто годинава и следната година

КОЈ ГЛАСАШЕ „ПРОТИВ“ И ЗОШТО ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ - еве од колку пари се откажаа акционерите што не сакаа Комерцијална да ја купи Стопанска банка Битола

КОЈ ГЛАСАШЕ „ПРОТИВ“ И ЗОШТО ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ - еве од колку пари се откажаа акционерите што не сакаа Комерцијална да ја купи Стопанска банка Битола

ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА КУПУВАЊЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - сакале да продадат само сопственици на 45 отсто од акциите, но тоа не е доволно

ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА КУПУВАЊЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - сакале да продадат само сопственици на 45 отсто од акциите, но тоа не е доволно

ЧУВАРОТ НА ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ „ЗБОГАТИ“ ЗА ОСУМ И ПОЛОВИНА МИЛИОНИ ЕВРА - еве како пораснаа средствата на Фондот за депозити

ЧУВАРОТ НА ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ „ЗБОГАТИ“ ЗА ОСУМ И ПОЛОВИНА МИЛИОНИ ЕВРА - еве како пораснаа средствата на Фондот за депозити

ЛЕКАРИТЕ ОВДЕ ЗАРАБОТУВААТ ПОВЕЌЕ ОКОЛКУ ВО ГЕРМАНИЈА, НО СЕПАК ЈА НАПУШТААТ ЗЕМЈАТА: Има само една причина зошто избираат да ги напуштат овие идеални услови

ЛЕКАРИТЕ ОВДЕ ЗАРАБОТУВААТ ПОВЕЌЕ ОКОЛКУ ВО ГЕРМАНИЈА, НО СЕПАК ЈА НАПУШТААТ ЗЕМЈАТА: Има само една причина зошто избираат да ги напуштат овие идеални услови

ОВОЈ ЧОВЕК ЈА „ОДРАЛ“ АВИОКОМПАНИЈАТА ЗА 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Нашол добар начин за тоа

ОВОЈ ЧОВЕК ЈА „ОДРАЛ“ АВИОКОМПАНИЈАТА ЗА 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Нашол добар начин за тоа

ИНТЕРЕСОТ ЗА КРЕДИТИ НЕ СТИВНУВА: порасна задолженоста, станбените кредити омилени, голема побарувачка и за автомобилските

ИНТЕРЕСОТ ЗА КРЕДИТИ НЕ СТИВНУВА: порасна задолженоста, станбените кредити омилени, голема побарувачка и за автомобилските