05 Декември, 2025
0.0311

Забраната за продажба на меленото месо сериозен проблем за помалите месарници

Објавено во: Агробизнис 31 Октомври, 2013 20:15

Добивај вести на Viber

Производители на месо од источна Македонија побараа побараа измена во новиот правилник кој се однесува на меленото месо, подготовки од месо и негови производи, како ќебапи, плескавици или колбаси. Малите производитетели на средбата со инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, се пожалија дека со тоа што точно е предвиден соодносот на состојките што треба да се употребат, доаѓа до монополизација на производството на месо во Македонија. Со ова, забележуваат тие, нема да смеат да продаваат специјалитети од месо по кои станаа низ годините препознатливи во средината. Тие укажаа дека токму од меленото месо имале најголем профит, па ако малите месари се затворат,  големите компании ќе почнат да ги диктираат цените на месото. „Кај малите месопроизводители постои страв дека за кратко време нашите производствени капацитети ќе бидат затворени, што не би било добро. Се надеваме дека во текот на дискусијата ќе добиеме објаснување што би требало да сториме за да продолжиме со нашата дејност. Ако се затворат 30-40 објекти, загубата на производителите, потрошувачите, па и на државата би била голема“, изјави Ефтим Шаклев, претседател на Федерацијата на фармери на Република Македонија. Со новиот правилник на Агенцијата за храна, месарниците веќе несмеат да продаваат мелено месо, туку тие мора да го мелат месото во присуство на купувачот. За продажба и приготвување на производи од мелено месо објектите ќе мора да добијат посебно одобрување. Со новиот правилник исто така на секое месо мора да има јасно означена декларација на која ке стојат земјата на потекло, рок на траење, нето-тежината, место на обработка и услови на складирање, како и кодот на земјата и бројот на кланицата од каде доаѓа месото. Ова е пропишано со Правилникот за квалитет на меленото месо, кој стапи во сила од 1 септември.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?