Забранет ловот на дивеч во Полошко
Објавено во: Агробизнис 01 Февруари, 2013 16:15
Од денеска стапи во сила забрана за ловење дивеч на ловиштата во Полошко. Притоа забраната не важи за прелетна и штетна дивеч, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Прелетната, согласно Законот за ловство, ќе може да се лови со поединечни дозволи, но само за викендите и државните празници, а штетната исклучиво со групни дозволи, односно во посебно организирани хајки.„Зависно од видот на дивечот ловостојот ќе трае до август или октомври и секое негово непочитување ќе биде соодветно санкционирано со поднесување пријави и времено одземање на ловечкото оружје“, посочи Јосифовски кој укажа дека ловењето во период на ловостој е кривично дело за кое следи парична или затворска казна од една до три години.
Кривично дело е и ловење риба во период на забрана за кое сторителите ќе се соочат со парична или затворска казна од шест месеци до пет години.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





