05 Декември, 2025
0.1987

Забранет увоз на пилешко од Бугарија поради птичји грип

Објавено во: Агробизнис, Економија 29 Јануари, 2015 11:36

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство забрани увоз и транзит на живина и диви птици, производи и нуспроизводи од живина и диви птици, како и јајца по потекло од Бугарија, зона под надзор во радиус од 30 км од местото Пода, во регионот Бургас, поради појава на птичји грип H5N1. Времената мерка е со цел да се спречи евентуално пренесување на високо патогената авијарна инфлуенца во Македонија, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). За појавата на птичји грип во регионот на Бургас, АХВ во понеделникот ја информирале бугарските ветеринарни власти, а официјална потврда за болеста во вторникот е пратена и од Европската комисија. Од АХВ информираат дека на сила останува забраната за увоз од Германија (зона под надзор во радиус од 30 километри од градот Анклам, во регион Ланд Мекленбург- Вестерн), а од листата на забранети земји за увоз симнати се Велика Британија и Холандија и Италија. Поради континуирано присуство на оваа болест, за земјите од Африка и Азија останува забраната за увоз. На бесплатната телефонска линија на Агенцијата 0800 – 3- 22 -22, како и до ветеринарните станици, граѓаните можат да пријават евентуално угинување на диви птици, се вели во соопштениетo на АХВ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?