30 Септември, 2024
0.0252

Забранети се посетите во старечките домови, од Труд велат - нивните станари се заштитени

Објавено во: Македонија 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Одамна е јасно дека најризична категорија граѓани каде што стапката на смртност од опасниот коронавирус е највисока, се постарите лица

Се поставува прашањето колку се тие заштитени во земјава. 

Откако на стартот на епидемијата во земјава не беше ретка сликата како пензионерите, особено оние што се во подобра здравствена и физичка кондиција, ги преплавуваа парковите, потоа таа состојба се смени, а постарите лица се поретко излегуваат од дома, освен кога немаат итни потреби да одат на лекар, во аптека, или во маркет по основните намирници.

А вчера Владта за повозрасните лица постари од 67 години воведе нова, уште порестриктивна мерка, а таа е дека тие ќе можат да се движат само од 05 часот наутро до 11 часот претпладне, што значи дека после 11 часот практично до крајот на денот не смеат да излегуваат од дома. Односно, до 11 часот ќе мора да ги завршат сите активности, по што не смет д се движат.

Во прилог на тоа колку повозрасните мораат да бидат внимателни, оди и фактот што според многу истражувања, стапката на смртност кај лицата над 80 години изнесува 8 проценти, а кај оние што имаат под 40 години, таа е само 0,2 отсто.

Една италијанска студија покажа дека просечната старост на оние кои починале од КОВИД-19 во Италија, е 79,5 години. 

Но, покрај оние што живеат во своите домови, Фактор се интересираше каква е заштитата на старите лица во земјава кои се сместени во јавните или во приватните старечки домови. Дали таму се преземаат сите неопходни мерки за заштита и превенција, со оглед што во редовни околности кај нив блиските често им доаѓаат во посета.

Од Министерството за труд и социјала велат дека се е безбедно, а сите овие домови ги почитуваат владините препораки. Исто така, посетите сега се забранети.

„Сите установи за заштита на стари лица, согласно мерките за превенција од ширење на вирусот КОВИД-19, ги почитуваат препораките кои се однесуваат на заштитата на старите лица, домовите соодветно се дезинфицираат, забранети се посети и внесување на храна, персоналот користи заштитна маски и ракавици“, велат од труд и социјала.

Инаку, во моментов во државава има пет јавни установи за сместување и грижа на стари лица, со капацитет за сместување од 624 легла.

Многу повеќе има приватни старечки домови, со речиси двојно поголем број на сместени стари лица.

„Во однос на приватните установи за стари лица, регистрирани се вкупно 30 приватни установи, со капацитет за сместување на 1.157 легла“, велат од ова министерство.

Новини има и во делот на новите барања за нега.

„Согласно мерките за превенција, лицата кои имаат или ќе поднесат ново барање за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост да се информираат дека Комисиите за издавање на конзилијарни мислења ќе даваат конзилијарно мислење со наод, само врз основа на медицинска документација, без непосреден преглед на странките.Членовите на семејствата ќе имаат обврска да ја доставуват потребната документација на закажаниот термин во надлежната комисија, која е пропишана за наведените права“, објаснуваат од ресорот за труд и социјала.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО