20 Декември, 2025
0.0387

Забранети теми за разговор на работното место

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2013 11:34

Добивај вести на Viber

Одредени теми со причина се забранети за зборување на работното место. Споделувањето на „погрешни“ нешта со колегите може да ви направи проблеми на работното место. Иако е добро да се дискутира за различни теми, сепак кога станува збор за личниот живот, најдобро е да не се преминуваат некои граници. Сè што им кажувате на колегите набргу ќе го дознаат многу други луѓе. Секогаш имајте на ум дека луѓето обожаваат да озборуваат. Што е уште полошо, најголемиот дел од нив продолжуваат со озборувањето на колегите и дома и меѓу пријателите. Затоа, еве за што не би требало да зборувате со колегите: Плата  Немојте да зборувате за платата со колегите , ниту за тоа за што ги трошите парите. Тоа предизвикува многу негативни емоции, како и љубомора и завист. Интима Интимни детали за вашиот љубовен (сексуален) живот не се соодветна тема за разговор со колегите. Иако можеби имате најдобар или пак најлош љубовен живот, навистина нема потреба за тоа да зборувате со колегите. Политика и религија Споделувањето на политичките ставови ќе ви направи проблеми како ништо друго. Политиката ги дели луѓето и е причина за многу конфликти на работното место. Истото се однесува и за религиозните верувања. Луѓето се особено чувствителни на оваа тема. Трачеви Ова особено се однесува на озборување на личности од вашиот живот, или озборување на колегите. Дури и тогаш кога мислите дека сите сметаат дека одредена личност е лоша, сепак не кажувајте го тоа гласно. Барање нова работа Немате никаква потреба да споменувате дека барате нова работа, без оглед на тоа колку сте несреќни на работното место. Тоа многу лесно може да се прошири и да ве стави во непријатна позција.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии