Добивај вести на Viber
Инфлацијата во Кина во април забрза на 2,4 проценти на годишно ниво, од 2,1 проценти кои беа забележани во март, што е повеќе од она што го предвидоа аналитичарите.
Главниот двигател на растот на инфлацијата, како што пренесуваат агенциите, е поскапувањето на намирниците во просек за четири проценти во однос на април минатата година, со тоа што цената на зеленчукот е зголемена за 5,9 проценти.
Од друга страна, инфлацијата и понатака останува под целната граница на кинеската централна банка од 3,5 проценти, која така има доволно простор за маневрирање и во случај на влошување на ситуација може да донесе мерки за поддршка на економијата.
Цените на производителите во Кина, кои сигнализираат како ќе се развива инфлацијата во наредните месеци, се намалени за 2,6 проценти на годишно ниво. Аналитичарите предвидуваа дека ќе се зголеми за 2,3 проценти, по намалувањето во март за 1,9 проценти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.