17 Декември, 2025
0.0911

Задолжителна електронска продажба на државните ствари

Објавено во: Економија 23 Јули, 2013 12:59

Добивај вести на Viber

Од први јануари 2014 година сите државни органи, но и сите единици кои се корисници на буџетски средства во ситуација кога продаваат ствари без оглед на тоа дали се движни или недвижни тоа ќе мора да го прави задолжително по електронски пат односно задолжително користење на принципите на електронска продажба, рече денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

На овој начин, како што истакна тој, ќе се зголеми транспарентноста, ќе се спречи корупцијата, ќе се спречи оттуѓување на ствари кои не смеат да се оттуѓуваат од страна на државните органи, а  компанмиите ќе ги намалт своите трошоци и поефикасно и поефективно да учествуваат.

За таа цел, рече Ѓорѓиев, ќе биде инсталиран специјален софтверски електронски систем во рамки на Министерството за финансии, кој што ќе го управува Управата за имотно-правни работи.

„Пред објавувањето на продажбата на движни или недвижни ствари таа единиција која што користи буџетски средства ќе треба да добие задолжителна согласност од Владата за оттуѓување на таа движна или недвижна ствар“, рече Ѓорѓиев.

Најпрвин, како што појасни тој,  доколку еден државен орган има намера да се ослободи односно да оттуѓи дел од движните или недвижните ствари што се во негова сопственост, а кои што поради определени причини има потреба да ги оттуѓи поради потреба да бидат продадени и да бидат обезбедени средства поради дотраеноста на тој имот или пак се работи за нивната истрошеност или надминување на функциите за кои се обезбедени, задолжително мора да се објави јавна објава во најмалку три дневни весници во земјава и самиот рок во кој заинтересираните апликанте ќе сакаат да поднесуваат аликација за електонско наддавање ќе биде 20 дена.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас