05 Декември, 2025
0.0370

Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2013 12:27

Добивај вести на Viber

Ќесите за транспорт на стоки кои се пуштаат и употребуваат на пазар задолжително треба да го исполнат стандардот кој ја определува нивната биоразградливост. Ова го предвидува Правилникот на Министерството за животна средина и просторно планирање за намалување на прекумерната употреба на пластичните ќеси, поради нивното штетно влијание врз животната средина и долгиот период на разградливост.

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија појасни дека изработката на ќесите треба да го исполнува стандардот МКС 1009, кој опфаќа методи за оцена на оксо-биоразградливост на пластика и фито-токсичноста на остатокот во контролирани лабораториски услови. Периодот на разградување на овие ќеси е околу 180 дена.

- Со влегувањето во сила на Правилникот, од 7 февруари годинава, ќесите наменети за транспорт на стоки во продавници, магацини, складови, деловни простори, зелени и посебни пазари каде што се врши трговија на мало на прехранбени производи, во продавници и киосци каде што се врши трговија на мало на ситни производи и во аптеките каде што се продаваат козметички производи, мора да бидат исклучиво  биоразградливи, појасни Адеми.

За непочитување на одредбите, според него, предвидена е глоба од 3.000 евра, како за производителот, така и за трговецот.

Наплатата на ќесите, Адеми нагласи дека не произлегува од законските обврски, туку од личниот став на самите трговци.

- Ставот на Министерството е дека наплатата на ќесите делува дестимулативно во поглед на нивното користење, но и реакциите од потрошувачите дека не е во ред кесите со лого на трговците со кое се рекламираат да се наплатуваат се оправдани, додаде ресорниот министер.

Зорица Мешкова од Стопанска комора на Македонија информира дека нивните чкенки се подговтвени и најголем дел веќе го применуваат овој стандард.

- Производството на биоразградливи ќеси ќе продолжи нормално, бидејќи немаше потреба од промена на технологијата, туку со додавање одредени адитиви се постигнува потребниот степен на биоразградливост, рече Мешкова.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј