19 Април, 2024
0.0252

Задолжувања на државата: Само небото е лимит!

Објавено во: Анализа, Финансии 05 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Долгот на Централната Влада во октомври достигна 2 милијарди и 420 милиони евра. Со ова, јавниот долг според последните податоци што ги објави Министерството за финансии изнесува 30,6% од Бруто Домашниот Производ. Анализата покажува дека ова ниво е највисоко од 2007 та година, кога јавниот долг на Централната Влада изнесуваше 24% од БДП. Токму во 2007 ма државата влезе во оперција за враќање на долговите кон странските кредитори, поради што нивото на јавниот долг од годините преходно, кога се движеше и над 38% од БДП  се намали на 24% од БДП. Но, од таа година па наваму мерењата покажуваат континуитет во пораст на јавниот долг. Во првиот квартал од годинава јавниот долг на Централната Влада изнесуваше 26,1% од БДП. Трендот на пораст ја одблежа целата 2012 та година, па така во вториот квартал долгот достигнува 28,3% за во третиот кавртал да достигне 30,2%. Со пораст на јавниот долг и во октомври ,почна и четвртиот и последен квартал од оваа година.
1 квартал                  26,1% од БДП
2 квартал                  28,3% од БДП
3 квартал                    30,2% од БДП
Октомври                   30,6% од БДП
  Неодамнешната изјава на поранешниот гувернер Петар Гошев, а подоцна и на академик Абдулменаф Беџети, дека Владата не го соопштува вкупниот јавен долг на сите институции и дека тој надминал 45 отсто од БДП, отвори серија дилеми во јавноста. Дали се манипулира со податоците? Зошто тие дозирано и се сервираат на јавноста? Актуелниот гувернер Димитар Богов тврдеше дека сегашните податоци што ги обајвува Министерството за финансии се репрезентативни и веродостојни и дека долгот не е до онаа граница за која зборуваше неговиот претходник Гошев. Според Богов, Гошев ги вкалкулирал и долговите на централната банка, што не е релевантен показател. Каде е лимитот ? Во последната напишана и објавена “Стратегија за управување со Јавниот долг 2010 – 2012 та година“ Владата не само што прави разлика помеѓу Вкупниот Јавен Долг и долгот на Централната Влада, туку поставува и лимити до каде може да се задолжува земјата. “Нивото на Вкупниот Јавен Долг во наредните три години да не надмине 40% од Бруто Домашниот Производ “ – пишува во владината Стратегија. Во исто време биле поставени и таргети за долгот на Централната Влада па така во документот пишува “Нивото на државниот долг во наредните три години да не надмине 30% од БДП“. Слични проекции Владата поставува и во “Фискалната Стратегија“ “Во периодот од 2010 та до 2013 та година се проектира благ пораст на државнот долг од околу 3% од БДП, исклучиво поради нови инвестиции во областа на патната и железничата инфраструктура, енергетиката, комуналната инфраструктура , изградбата на образовни и спортски објекти како и инвестиции во здравствена опрема“ – се посочува во овој владин документ. Според сегашните позции, во отсуство на официјални податоци за состојбата со Вкупниот Јавен Долг, Државниот долг се приближува на 31 отсто од БДП додека Бруто Надворешниот Долг заклучно со јуни изнесува 4 милијарди и 957 милиони евра, што претставува околу 65 отсто од БДП. Ново задолжување : Буџетот се наполни со нови 21 милион евра Откако го зголеми буџетскиот дефицит од 2,5 отсто на 3,5%, недостатокот на пари за буџетските исплати Владата во континуитет ги обезбедува од задолжување преку продажба на државни хартии од вредност на домашен терен. И вчера преку четири одделни акукции, државата собра 45,8 милиони евра од кои 24,8 милиони евра им ги врати на банките и на фирмите по основ на доспеани записи. Во буџетот за трошење останаа 21 милион евра.
Тримесечени записи       13,3 милиони евра
Тримесечни записи         29,6 милиони евра
175 денови                        2,5 милиони евра
Тригодишна обврзница   0,462 милиони евра
 Вкупно                               45,8 милиони евра
Доспеани записи               24,8 милион евра
  Министерот за финансии Зоран Ставревски најави можно намалување на каматните стапки на државните записи догодина  откако ќе се обезбеди новото странско задолжување односно откако на сметка ќе легне новиот кредит од 250 милиони евра зад кој како гаранција стои Светска Банка. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!