18 Декември, 2024
0.0251

„Затворете го кругот, рециклирајте за одржлива иднина“

ЗАЕДНИЧКА РЕЦИКЛИРАЧКА АКЦИЈА НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА, ПАКОМАК И BALL CORPORATION

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Во заедничката акција што ја спроведоа Прилепска Пиварница, Пакомак и Ball Corporation под слоганот „Затвори го кругот, рециклирај за одржлива иднина“, процентот на рециклирање лименки се зголеми за импресивни 64 %, во рамките на системот Пакомак и брендот Прилепска Пиварница, од почетокот на кампањата, што потврдува дека граѓаните одлично реагираат на програмите за рециклирање и ја разбираат важноста на циркуларноста на алуминиумските лименки, изјави Александар Матески, директор за правни и корпоративни работи на Прилепска Пиварница.

Акцијата „Затвори го кругот, рециклирај за одржлива иднина“ се спроведува на територијата на Северна Македонија од август и ќе трае до крајот на оваа година со идеја да продолжи во 2025 година. Акцијата ги ангажира и ги повикува потрошувачите искористените алуминиумски лименки за пијалаци од Прилепска Пиварница да ги одложат во повратните вендинг машини на Пакомак, а потрошувачите за возврат ќе добијат 5 зелени поени на апликацијата Екомак, преку кои ќе можат да добијат бројни попусти и поволности. Досега потрошувачите добиваа по еден зелен поен за рециклирани лименки и ПЕТ амбалажа. На овој начин, клиентите се мотивираат да рециклираат, но и да ја променат нивната перцепција кога станува збор за искористената амбалажа - да ја гледаат како ресурс, што е, а не како отпад.

Во моментов, во Северна Македонија има мрежа од 63 машини за рециклирање, а Пакомак - националниот оператор за управување со отпад од пакување, постојано работи на проширување на постојната мрежа, која до крајот на годината ќе брои 70 машини за рециклирање.

„Бројот на потрошувачи, корисници, кои досега се вклучиле во акцијата е повеќе од 5.600, тие собрале околу 80.000 искористени лименки, кои ќе се рециклираат, а најревносниот потрошувач собрал неверојатни 1.335 лименки“, изјави Ико Брдароски, заменик на Генералниот директор на Пакомак.

Ball Corporation, светски лидер во производството на амбалажа - алуминиумски лименки за пијалaци, како и производи за лична и домашна употреба, кој својата лидерска позиција ја брани со иновации, одлични деловни односи со клиентите, како и одговорен однос кон животната средина, придонесе за реализација на акциите за рециклирање.

„Ова е еден од начините да се придонесе за зачувување на природата, бидејќи со подигање на свеста за потенцијалот на рециклирањето, придонесуваме за намалување на отпадот и загадувањето на нашата животна средина.Алуминиумот е многу стабилен материјал кој може повеќекратно да се рециклира без губење на квалитетот и својствата и затоа не треба да заврши на депонија, а особено не во природа“, изјави Јелена Петљански, менаџерка за одржливост и јавни работи во компанијата Ball Corporation и додаде: „Искористената лименка за пијалак, доколку влезе во процес на рециклирање, можно е повторно да се најде на полиците на продавниците и супермаркетите за 60 дена, а тоа навистина е така, што се потврдува со фактот дека во производите - лименките што ги произведува Ball Corporation - содржат 70% рециклиран материјал“.

Свеста за тоа колку е важна заштитата на животната средина за иднината на сите нас стана централна тема на пошироката јавност, но и неизбежен дел од работењето на компаниите кои сакаат да останат конкурентни во иднина. Ваквите акции претставуваат пример за добра практика, а одговорот на граѓаните ја потврдува заедничката подготвеност и волја за промена на односот кон рециклирањето и заштитата на животната средина.

пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Зелени инвестиции за почиста иднина: ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ склучија договори за соработка

Зелени инвестиции за почиста иднина: ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ склучија договори за соработка

АЛКАЛОИД АД Скопје со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики

АЛКАЛОИД АД Скопје со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики

Првиот чекор кон вистинскиот AI придружник

Првиот чекор кон вистинскиот AI придружник

Претпразничната атмосфера во Божиновски часовници најави година полна со новитети

Претпразничната атмосфера во Божиновски часовници најави година полна со новитети

45 години Пекабеско се одбележуваат со донација на медицинска опрема за Детската клиника

45 години Пекабеско се одбележуваат со донација на медицинска опрема за Детската клиника

Hisense е светски лидер во категоријата телевизори со екран од 100 инчи четврти квартал по ред

Hisense е светски лидер во категоријата телевизори со екран од 100 инчи четврти квартал по ред

Постојната скопска и една битолска фирма неофицијално во трка за Испитниот центар во Битола

Постојната скопска и една битолска фирма неофицијално во трка за Испитниот центар во Битола

Зајакнување на зелената транзиција во Македонија: Иновации во обновливи извори на енергија и складирање

Зајакнување на зелената транзиција во Македонија: Иновации во обновливи извори на енергија и складирање

Уживајте во магијата на подарувањето: Изберете го омилениот подарок сет или парфем од dm кој има секогаш поволна цена

Уживајте во магијата на подарувањето: Изберете го омилениот подарок сет или парфем од dm кој има секогаш поволна цена