20 Декември, 2025
0.0499

Заемот на GGF од 10 милиони евра го зајакнува потенцијалот на Халк Банка за финансирање на енергетската ефикасност

Објавено во: Мои пари 05 Јануари, 2017 12:02

Добивај вести на Viber

-Заемот на GGF бележи шест години соработка со Халк Банка

-Мерките за енергетска ефикасност финансирани со заемот на GGF се наменети за годишна заштеда на енергија од скоро 50.000 MWh и намалување на емисијата на CO2 од околу 15.000 метрички тони.

Green for Growth Fund (GGF) и одобри заем од 10 милиони евра на Халк Банка наменет за зголемување на енергетската ефикасност (ЕЕ) во Македонија. Заемот е трет по ред кој Фондот и го одобрува на Халк Банка Скопје од 2010 година, кога Заемодавачот стана првата земја која понуди продукти за финансирање на ЕЕ.  Последнава инвестиција ја зацврстува оваа успешна, долгорочна соработка и го отсликува докажаниот стремеж на Халк Банка за промовирање на намалувањето на енергетската потрошувачка во Македонија.

Заемот на GGF ќе и овозможи на Халк Банка да ги зголеми опфатот и количината на Еко – кредитни производи, кои можат да се користат за финансирање на мерки за ЕЕ во македонските компании, за замена на застарена земјоделска опрема на фармите и за опремување на домовите со технологии за пониска потрошувачка на енергија. Освен тоа, последниов заем вклучува техничка помош од GGF кој ќе ги поддржи продажните и промотивните активности на Халк Банка, како и создавањето на дополнителни кредитни продукти за ЕЕ.

Претседавачот на GGF, Christopher Knowles,вели: “GGF и обезбеди поддршка на Халк Банка во поглед на првите заеми за енергетска ефикасност во 2010 година и нашето континуирано партнерство им овозможи на илјадници Македонци да ја намалат нивната потрошувачка на енергија, што претставува една од основните цели на Фондот.”

Турхан Адеми В.Д. Главен извршен директор на Халк Банка АД Скопје, вели: “Кредитите се наменети за енергетски ефикасни проекти, поддршка на проекти со кои се овозможува користење на помалку енергија, без да се намали квалитетот на живеење.

Кредитите за енергетска ефикасност ќе помогнат на нашите клиенти да остварат значителназаштедана примарната потрошувачка на енергија. "


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии