Заев: Очекувам Иванов да ми го додели мандатот
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2017 14:21
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека Никола Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер.
Според него се докажа дека Груевски го нема потребното мнозинство за влада.
„Македонија нема време за губење. Демократските промени се почнати, така одлучија над 600.000 граѓани од сите етнички заедници, и Македонија мора да оди напред. Очекувам претседателот Ѓорге Иванов да ми го додели мандатот и сè друго ќе се смета како кршење на Уставот“, изјави Заев.
Тој рече дека на земјата ѝ е потребна одговорна влада, која ќе ги обедини граѓаните и која ќе се придвижи кон ЕУ и НАТО.
„Ние сме подготвени за формирање на влада која ќе ги спроведе реформите од Договорот во Пржино и реформските приоритети од Прибе“ – кажа Заев.
Вели дека граѓаните ќе бидат во фокусот на идната власт.
Заев потврди дека имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Ако го добие мандатот ќе ги соопшти своите ставови.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




