Заев: Бугарија не бара промена на нашиот Устав, можно е да блокира за ЕУ
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2020
Има можност да не се донесе одлука за старт на преговорите на Македонија со Европската Унија, а тоа би значело дека една земја нема да дозволи. Сепак има работи за кои не се преговара. Ова го рече премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање коментирајќи ги изјавите од бугарска страна во врска со прашањата поврзани со Македонија. Тој сепак е дециден дека Бугарија не бара промена на Уставот на земјава и рече дека нема да има нов договор со источниот сосед, како што се шпекулира. Заев вели дека Бугарија ја признава реалноста и постоењето на македонскиот јазик. Повтори дека Република Северна Македонија нема територијални претензии и ги решава проблемите низ духот на меѓусбено разбирање.
„Верувам дека Бугарија која беше најголем поддржувач ќе продолжи тоа да биде и во иднина. Во сите свои изјави и наративи тоа го потврдува. Јас верувам дека тоа ќе се случи во декември, но ако не се случи тогаш, треба да се знае дека се бара од нашата страна нешто што ние никако ниту смееме да разговараме ниту би сакале да го прифатиме, рече Заев.
На дополнително прашање за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека нема да има лидерска средба.
„Мицкоски ниту имал став ниту се втурнал одговорно за историскиот исчекор на нашата земја. Процесот е меѓу МНР и сега комисиите разговараат. Можеме само да одмогнеме ако свикуваме лидерски средби. Не треба да се натегаат лидерите и да се пренамагаат за да не се остави простор за решение, рече Заев.
Додаде дека очекува бугарскиот народ преку сите свои претставници да има недвосмислено потврдување на фактот на постоењето на македонскиот јазик и народ. Вели дека Борисов и другите ја прифаќаат реалноста за постоењето на македонскиот јазик и народ и сакаат да дебатираат за заедничкиот и посебниот дел од историјата.
Заев во Бугарија треба да оди во ноември.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.