26 Ноември, 2024
0.0285

Заев: Бугарија не собра сила да се однесува европски, Бугарија испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска, по повод ветото од Бугарија за Македонија за почетокот на преговорите со ЕУ во обраќањето до јавноста истакна дека до овој момент Европската Унија не постигна согласност за прифаќање на преговарачката рамка за нашата земја. Оценува дека оваа неодговорна грешка е горчлива вест за целата нација.

-Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство и пријателство и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и земјите-членки, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите. Тоа не е европски начин. За жал, Бугарија не собра сила да се однесува европски. Бугарија дозволи, да испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство.Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21 век, не е европски, ниту демократски, да му кажете на друг како да се чувствува, како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати.За Северна Македонија, за македонскиот народ и за сите граѓани на нашата земја не се прифатливи овие услови, вели премиерот во неговото обраќање.

Истовремено посочува дека како Влада стојат цврсто во одбрана на македонските национални интереси и не дозволија, како што вели, да се чепка во достоинството на македонскиот идентитет и во столбовите на идентитетот, а тоа се македонскиот народ и македонскиот јазик.

-Нема да дозволиме ниту антифашистичкиот идентитет на нашата земја да биде загрозен и да биде доведен во прашање! Темелите на нашата државност се во антифашизмот на АСНОМ, како што темелите на нашиот идентитет се во македонскиот народ и македонскиот јазик. Тоа се нашите столбови од минатото. Тоа се нашите столбови за иднината.Ние сме свои на своето. Чисти пред себе и пред светот. Знаеме кои сме и точно знаеме каде одиме. И точно знаеме за што смее, а за што не смее ниту да се преговара ниту да се разговара.Ние одбивме да преговараме за работи за кои не смее ни да се разговара! Преговори со ЕУ да, но не по цена на ревизија на македонскиот идентитет. Не под условите кои сега ги наметнува Бугарија.Ние велиме – ДА за Европа и велиме НЕ – за уцени врз македонскиот народ! И НЕ за уцени врз нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и сите други, вели Заев.

Премиерот вели и дека Македонија е пример за добрососедство, нагласувајќи дека никогаш не сме предизвикувале проблеми и никогаш нема да бидеме проблемот, напротив, ние сме носители на решенијата и тоа е нашиот победнички став.

-Им оддаваме признание и благодарност на сите останати земји-членки на Европската Унија. Посебно признание и благодарност упатуваме до Сојузна Република Германија која во исклучително тешки времиња, во врвот на нејзиното претседавање со Унијата ги стави Буџетот на ЕУ, борбата против КОВИД-19 и проширувањето, со цел да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија како старт на преговорите за нашето членство во ЕУ. За жал, процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ го запре Република Бугарија, од позиција на земја-членка. Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка. И добро е што нашите меѓународни пријатели и сојузници не ја премолчуваат оваа грешка.Не молчат нашите сојузници бидејќи добро знаат дека покажавме пријателство и добра волја со Бугарија. Со искрени намери разговаравме за начинот како некои делови од нашата заедничка и испреплетена историја можат да бидат толкувани од двете страни на границата. Таквата мулти-перспективност на историјата, која е неспорна, сепак не смее да задира во универзалното право на идентитетско, јазично, и културно самоопределување или самобитност. Затоа сметаме дека причините за неодобрување на преговарачката рамка прават штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија. И се надеваме дека штетата што е предизвикана од ова неоправдано вето за европската интеграција на регионот и за европските вредности ќе може да се надомести бргу, истакнува премиерот во обраќањето.

Во однос на изречените ставови од страна на опозиоциската ВМРО-ДФПМНЕ, Заев вели дека поразот на европските вредности, опозицијата во нашата земја го воспева како своја победа.

-Актуелното и претходните раководства на ВМРО-ДПМНЕ речиси 15 години покажуваат одбивност и блокади кон нашата евроатлантска определба. Колку повеќе се ближеше остварувањето на нашето членство во НАТО, толку поинтензивно ширеа немири, лаги и говор на омраза. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори, единствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ. Лидерот на ДПМНЕ го прогласи најпозитивниот Извештај на Европската комисија за лажна вест и не смогна сили ниту да честита, ниту да аплаудира во Собранието на денот кога станавме 30 земја-членка на НАТО.Еве денеска паднаа во вода сите лаги и клевети. Им се срушија лагите дека наводно се распродавал македонскиот идентитет. Тие што македонскиот народ го нарекоа хистеричен, сега тонат во сопствената хистерија. Тоа е сонот и желбата на лидерството на ДПМНЕ. A реалноста е дека македонскиот народ го надминува овој момент со крената глава наспроти срамните лаги коишто се опасност за стратешките интереси на земјата. Дури и Европа ги препозна и ги прозва нивните лаги. A, македонскиот народ е далеку повисоко од хистеријата и од срамните лаги на Христијан Мицкоски. Еве сме. Тука сме. Македонци кои зборуваат македонски јазик. Свои на своето. Отсекогаш, засекогаш. Станавме земја-членка на НАТО како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ќе станеме членка и на ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик, вели премиерот.

Од Европската Унија, посочува Заев, бараме да ја исполни својата фундаментална обврска и да ги препознава и чува како непроценливо богатство историските и идентитетски различности на нациите на Европскиот континент.

-Македонскиот идентитет и јазик не смеат да бидат исклучок од овој принцип. Бараме на ист начин како што ние се грижиме, го развиваме и скапоцено го чуваме европскиот идентитет дома, така и ЕУ да го почитува, да се грижи и да го чува нашиот македонски идентитет, како скапоценост на својата различност. Владата на Република Северна Македонија останува на истиот стратешки колосек. Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ! Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет. Наша обврска е да ги спроведеме европските стандарди дома! За нас нема друг пат, нема друга алтернатива. Нема откажување! Во годината пред нас најавувам крупни чекори во неколку клучни области. Борбата со пандемијата од КОВИД-19 ќе ја засилиме и ќе ја добиеме. Не чекор сме до КОВИД вакцината. Ја гасифицираме земјата, инвестираме во фотонапонски централи и во ветерници. Започнува прочистувањето на судството, а конечно следува и најважната статистичка операција – пописот. Се грижиме за секој граѓанин, распределуваме огромни економски пакети како помош за граѓаните погодени од КОВИД кризата. Уште посилно инвестираме во Коридорот 8 и во инфраструктурата низ целата земја, истакнува премиерот Зоран Заев во обраќањето до јавноста. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик