Заев демантира дека се зборувало за некаков „пакт“ против Србија
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2018 17:39
По прозивките од пратеникот Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, за тоа дали и Македонија е дел од „пакт“, против Србија како што изјави косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговори дека тој се оградува од било какви разговори, бидејќи тие не постоеле.
„Сакам да се оградам од било какви разговори, не постоеле, ниту пак некој ги номинарал и само апелирам и до Косово и до Србија да градат пријателство низ дијалог“, изјави Заев.
Тој рече дека на ниту едно ниво никогаш не се водени такви разговори.
„Како Влада во регионот, Европа и во светот важиме како градители на добрососедските односи. Ние сме пријатели со сите наши соседи. Никој од нас не побарал ниту пак е разговарано за ова прашање“, вели Заев.
Очекуваме, вели Заев нашиот регион да ги постигне четирите цели за кои се залагаме секогаш кога ќе се сретнеме со премиерите на нашите соседи, а тоа е економска соработка, регионален економски развој, регионална соработка и интеграција во ЕУ.
Стоиљковиќ претходно праша дали Заев ги брани интересите на Македонија, или албанскиот шовинизам.
Во Македонија, Хрватска и Црна Гора се разговара за формирање пакт против Србија, изјави Хоџај.
Србија ништо лошо им нема направено на Македонија, Црна Гора и Босна, рече српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Тој реагираше синоќа по повод изјавата на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај дека во Хрватска, Македонија и во Црна Гора разговарал за создавање на регионален пакт против Србија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




