06 Октомври, 2024
0.0272

Заев денеска се сретнува со Гутиереш

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на македонската Влада, Зоран Заев, денеска треба да се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутиереш. Средбата на првиот човек на Светската организација со македонскиот премиер, кој предводи владина делегација на 74-то Генерално собрание на ОН во Њујорк, според агендата треба да се одржи во 11.45 по локално време или доцна попладне по средноевропско.

Заев вчера на Форумот на највисоко ниво на Самитот за целите за одржлив развој истакна дека македонската Влада се обидува колку што е можно повеќе да ја намали емиграцијата на македонското население во странство. Социјалните реформи, според премиерот, успешно ги спроведени, со што е овозможено над 120.000 граѓани да добиваат 300 отсто поголема социјална помош, во споредба со 2016 година. Преку Оперативниот план за вработување обезбедени биле речиси 18 милиони евра за мерките за вработување на младите, што како што вели Заев, е една од мерките за намалување на економската миграција.

В сабота Заев својот престој во седиштето на ОН го завршува со говор пред Генералното собрание и подвлече дека главната порака што ќе ја испрато ги содржи истите вредности и цели на кои Владата е преокупирана дома.

„Тоа е борба против сиромаштијата, климатските промени, борбата за подобра екологија насекаде, обезбедување поквалитетно образование за сите, економски прогрес и просперитет“, рече премиерот Заев во интервјуто дадено во Њујорк, потенцирајќи дека нашата држава дава свој придонес со партиципација на светско ниво за да се постигнат сите овие вредности на одржливиот развој на ОН, како составен дел од преокупацијата на сите институции во државата“, рече синоќа Заев за националниот сервис.



Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил