18 Декември, 2025
0.0402

Заев: Договорот е постигнат, нема нови амандмани, Охридскиот рамковен договор ќе се спомене во Уставот

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2018 11:08

Добивај вести на Viber

Нема амандмани, туку ќе се додадат амандмани на самите амандмани, објави премиерот Зоран Заев по договорот на Власта со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за изгледот на уставните измени кои се во собраниска процедура. Ќе се додаде и Охридскиот рамковен договор во уставниот законик. Владата денеска ќе ги поднесе изменетите нацрт-амандмани во Собранието.

- Нацрт-амандманите се изготвени, во првиот се потврдува македонскиот идентитет во ставот 36, покрај членот 7 кој го .гарантира истиот. Вториот дел е дека договорот стапува во сила откако грчкиот пшарламент ќе го ратификува.Третиот дел во уставниот законик е сукцесивно спроведување на личните документи со новото име така што граѓаните нема да имаат вонредни трошоци и обврска веднаш да го направат тоа. Во четвртиот дел, нема да има збор „дијаспора“ туку дека републиката ќе се грижи за етничките Македонци кои живеат во странство - изјави Заев на прес-конференција во Владата.

Во продолжение тој ја објасни процедурата по која ќе се движат нацрт-амандманите.

- Владата утврди нацрт-амандмани на Уставот. Низ инклузивен процес ги утврдивме амандманите. Очекуваме и од грчкиот парламент тоа да го стори во најбрзо можно време. Ова е почетна фаза. Ова е договор воедно и помеѓу власта и опозицијата . Ние си подадовме рака и испративме силна порака до сегашните и идни генерации. Имавме две консултативни средби со новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме и со други пратеници, Четирите амандмани се многу едноставни, јавноста да не се плаши - соопшти премиерот.

Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето