Заев: Го познавам возачот на „Фапот“, се вика Јоцо Манго
Објавено во: Македонија 08 Август, 2021 16:18
Премиерот Зоран Заев даде изјава директно од Малешевијата во вестите на Сител и рече дека лично се познава со возачот на стариот Фап кој стана хит во медиумите и на социјалните мрежи кога се гаснеше пожарот на Богородица.
- Фапот е од Југославија но редовно се сервисира и си ја заврши работата. Донесе вода од 8.000 тони. Возачот е од Струмица, лично го познавам, се вика Јоцо Манго. , истурио 8.000 тони, сервисиран, рече Заев. Возилото кое може да се види во старите југословенски филмови е во сопственост на Демир Капија. Датира од седумдесеттите години на минатиот век, а општината го користи за миење на улиците. Не може директоно да гаси пожари, но може да носи големо количество на вода.
Заев во вестите на Сител додаде дека по одбележувањето на Денот на републиката на 2 август вечерта ја преспал во Кочани.
- Прво од 2 август директно дојдовме во Кочани и таму спиевме со Филипче, а кога беше локализиран пожарот, отидов на одмор, но кога видов дека бараат граѓаните да се вратиме, ние се вративме, кажа Заев.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




