ЗАЕВ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: Завршија политиките на Груевски-тој оди во опозиција!
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2016 19:34
„Завршено е со Груeвски, ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, почнува живот!“, вели Заев по говорот на својот опонент од ВМРО ДПМНЕ.
На својот Фејсбук профил првиот опозиционер Зоран Заев им порачува на граѓаните да не подлегнуваат под провокации, посебно од оној кој 10 години ја упропастувал Македонија.
„Институциите мора да си ја завршат својата работа согласно Уставот и законот. Од одлуките на ДИК и Управниот суд не зависи кој ќе формира Влада но тие се важни заради вистината и фактите. Граѓаните со огромно мнозинство гласови, повеќе од 600.000 гласаа за промени. Промените ќе се случат и тие незапирливо доаѓаат без разлика што на врхушката на ВМРО ДПМНЕ и е тешко тоа да го прифати. Промените се здрави за секоја држава така и за Македонија“, пишува Заев.
Понатаму тој повикува на достоинствено и трезвено однесување, трпение и воздржаност, одговорност кон државата и граѓаните.
Заев повторно укажува дека доаѓа слобода за сите граѓани, за сите кои гласале за промени и за сите кои беа уценети и притиснати од Груевски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




