Заев и Ахмети ќе преминат на планот Б
Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 09:02
Опозицискиот лидер и лидерот на ДУИ, Заев и Ахмети се повеќе од очигледно е дека ќе го свикаат Собранието, односно ќе побараат од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да го свика продолжението на седницата за конституирање на парламентот.
Ваквите информации во медиумите кои се повикуваат на партиски извори зачестија, а ништо чудно СДСМ и ДУИ да преминат на планот Б, кој Заев го најави доколку претседателот Иванов не се премисли во однос на мандатот.
Свикувањето на Собранието од страна на парламентарното мнозинство се очекува најдоцна до петок.
Шефот на државата во последната изјава рече дека пречките за доделување на мандат не се отстранети.
Од владеачката гарнитура пак не престануваат да го повикуваат опозицискиот лидер да се откаже од платформата а за возврат му нудат поддршка за малцинска влада.
Наспроти тоа, од СДСМ му вратија на ВМРО ДПМНЕ со пораки да ја прифатат новата владина програма и да се помират со фактот дека се опозиција.
Партиите од албанскиот блок пак во неколку наврати посочија дека не се откажуваат од платформата, и според нив истата не е опасна за унитарноста и суверенитетот на државата.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




