20 Декември, 2025
0.0758

Заев: И да има избори, Груевски ќе изгуби бидејќи нема коалициски партнер кај Албанските партии

Објавено во: Македонија 22 Март, 2017 13:38

Добивај вести на Viber

Пред да влезе во скопското обвинителство како дел од истражната постапка за изборни кампањи, опозицискиот лидер во изјава за медиумите со краток став по вчерашните средби со комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Заев вели дека и да победи на избори, Груевски нема коалициски партнер кај партиите на Албанците.

„ВМРО-ДПМНЕ знае дека ако оди на нови избори, ќе изгуби затоа што никој не може да го толерира ваквото безобразие и дрско однесување. Треба да се направи демократски трансфер на власта. Ако одат на избори, тие ќе изгубат, а ние ќе имаме неколку пратеници повеќе. По ова Ѓорге Иванов може да одлучи повторно да не го даде мандатот. Да претпоставиме дека Груевски на нови избори ќе добие 62 пратеници, со која албанска партија ќе коалицира тој – праша Заев, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека македонските граѓани и меѓународната заедница очекуваат конкретни чекори“, пренесува агенцијата МЕТА.

Прашан дали нешто се сменило по вчерашната посета на Хан и на тројцата европратеници, лидерот на СДСМ рече дека „и тоа како се смениле работите“.

„Вчера уште еднаш беше испратена пораката да се придвижат демократските процеси, во согласност со Уставот. Ова значи да се избере претседател на Собранието и да се даде мандат за составување влада. Оваа порака не може никој да ја занемари. ЕУ има убави намери во врска со Македонија. Еврокомесарот Хан вчера соопшти дека сака да бидат отворени поглавјата 23 и 24, поврзани со правосудството и со безбедноста. Тоа за нас е отворање дијалог, претпристапен дијалог, затоа што Грција го блокира отворањето на преговорите. Но, за нас ова значи преговори и движење на работите напред “, посочува Заев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки