Заев и Димитров постигнаа ефект кај грчките медиуми
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2018 10:31
Возењето квадрицикли, фотографирањето и давањето меѓусебна поддршка преку коментари на социјалните мрежи го даде ефектот кај грчките медиуми, по објавите дека премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров не се на иста линија околу спорот за решавање на името.
Грчките медиуми толкуваат деа со овој чин двајцата функционери сакаат всушност да испрата порака до Атина.
„Симболична фотографија и порака на Заев и Димитров до Атина: На иста линија“; „Заев-Димитров: На иста линија и на заеднички одмор“; „Твитот на Заев со порака за неговите односи со Димитров“; „Прошетката со мотори и пораката на Заев до Атина за скопското прашање“; „Заев и Димитров се возат на мотори“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

Онлајн изданијата на медиумите во Грција, ги пренесоа, како фотографиите така и пораките што ги напишаа Заев и Димитров.
– Личен демант на шпекулациите според кои е во несогласување со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, објави премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, паралелно испраќајќи порака до Атина, пишува информативниот портал „Iefimerida“.
– Сѐ е во ред е пораката што очигледно сакаше да ја испрати премиерот на ПЈРМ Зоран Заев за неговите односи со МНР Никола Димитров по бурата написи во медиумите дека постои несогласување во спорот за името, коментира порталот „Reader“.
– Премиерот на Скопје во објава на социјалните мрежи, заедно со фотографиите напиша: На иста линија, сакајќи да ги урне сценаријата според кои има различен став со неговиот министер за решавање на скопското прашање, пишува онлајн изданието на весникот „Елефтерос типос“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




