Заев и Могерини домаќини на неформалната вечера со премиерите од Западен Балкан во Скопје
Објавено во: Македонија 18 Април, 2018 20:56
Покрај премиерот Зоран Заев и високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, на вечерата присуствуваа и лидерите Еди Рама, Ана Брнабиќ, Рамуш Харадинај, Душко Марковиќ и Денис Звиздиќ.

Учесниците на вечерата разговараа за состојбата во регионот, како и за процесите на интеграција на Западен Балкан во Европската Унија.
Премиерите уште еднаш ја потврдија својата искрена заложба за целосна имплементација на реформите во нивните земји, со цел да го забрзаат процесот на зачленување во Европското семејство.
Од своја страна, високата претставничка на Европската Унија, Федерика Могерини ја истакна потребата сите земји од регионот на Западен Балкан да ги забрзаат суштествените реформи со што ќе ги исполнат очекувањата на своите граѓани. А, со тоа промените ќе станат видливи и за Европската Унија.
Премиерите од Западен Балкан исто така ја истакнаа и нивната силна определба и интерес за продлабочување на соработката и добрососедските односи, како и за промовирање на регионална соработка.
На денешната неформална вечера, сите се согласија дека 2018 е историска година за регионот и дека на земјите од Западен Балкан им се отвора голема можност да направат крупни чекори кон ЕУ интеграцијата, особено ако им се даде најголем приоритет на суштинските, неопходни реформи, односно владеењето на правото, правдата и почитување на основните човекови права.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




