Заев и Орбан заедно во Загреб
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2018 08:40
Македонскиот премиер Зоран Заев и унгарскиот колега Виктор Орбан се заедно во Загреб на Самитот на Централноевропската иницијатива. Тие двајцата истовремено му беа гости на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Според хрватскиот медиуми Пленковиќ имал едночасовна средба со Орбан, кој за прв пат официјално го посетува Загреб.
Синоќа во хрватската престолнина имаше собир на претставници на 18 земји, но и гала вечера за сите гости во хотелот на плоштадот во Загреб. Таму Орбан беше пречекан од граѓански здруженија кои протестираа против неговопто автократско владеење.
Официјалната посета на Загреб, премиерот Заев ја почна со тет-а-тет средба со неговиот колега Пленковиќ, по што следуваа средба на ниво на владините делегации и изјави на двајцата премиери. Денес, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и владината делегација што ќе го придружува, ќе учествуваат на Самитот на шефови на влади на земјите од Централно Европската Иницијатива (CEI).

Засега нема информации дали се остварил контакт помеѓу Заев и Орбан, ако се знае дека се уште нема одговор од Унгарија дали се прифаќа барањето за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој доби азил во таа земја откако успеа да пребегне непосредно пред крајниот рок да се пријави на издржување на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.
Засега Унгарија останува на ставот дека Груевски го заслужил азилот со тоа што ги бранел границите на Унгарија од илегални емигранти.
Во Загреб се уште еврокомесарот за проширување , Јоханес Хан, премерот на Романија, потпретседателот на владата на Украина, претседателот на Европската банка за обнова и развој, премиерите на Бугарија, Албанија, Словачка, додека БИХ и Србија се претставувани на пониско ниво од претставници на ниовните министерства за надворешни работи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




