Заев: Идејата е да се дозволи консумација на марихуана во кафулињата
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2020
„Ќе правиме ли Амстердам од Скопје?“, му рекол новинарот на Дојче Веле на премиерот ЗОран Заев во новото интервју, на што Зоран Заев одговорил „Зошто да не!“
„Целта е токму тоа. Да биде контролирано како во Амстердам и многу други градови во светот“. Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели премиерот.
Стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира, објаснува Заев.
„Верувам, за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.