07 Октомври, 2024
0.0293

Заев: Институциите имаат лоша евиденција со имотите во државна сопственост

Објавено во: Македонија 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска во Собранието изјави дека работат со надлежните институции за воспоставување ред со евиденцијата на имотот на државата и очекува до крајот на јуни да има сосема средена евиденција што ќе овозможи добар менаџмент. 

Вели дека институциите имаат лоша евиденција со имотите во државна сопственост.

„Работиме да се воспостави ред, затоа што од овие ресурси граѓаните очекуваат приходи во буџетот за подобрување на здравството, образованието и социјалната помош. Има огромни хектари земјоделско земјиште што се дадени под концесија, а нема договори и не се плаќа за користење. Од тој аспект очекувам во брзо време да биде комплетирана документацијата за да се знае состојбата со земјоделското земјиште“ – изјави Заев.

Посочи дека се воспоставува комплетна контрола на системот на управување со земјоделското земјиште, како и дека се прави трајна база за состојбата со шуми, државни и приватни, со помош на Катастарот и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Очекувам добар пресек со севкупната евиденција во целокупниот имот на Република Македонија и тоа да биде завршено до средината на 2018 година. Тоа ќе го објавиме транспарентно“ – изјави Заев.

На седницата на оваа тема прашање постави пратеникот Илија Николовски и праша што ќе се преземе за да може граѓаните конечно да имаат бенефит од овој имот. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил