Заев изнесе четири причини зошто гласаа 260 илјади помалку
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2020
Зоран Заев, актуелниот претседател на СДСМ, додека е на одмор излезе во јавноста по одржаните парламентарни избори и седницата на Државната изборна комисија на која беа одбиени сите приговори, при што во интервју за А1он издвои четири причини зошто овој пат излегоа 264.000 граѓани помалку на гласање во однос на 2016.
Според лидерот на партијата чија коалиција освои најмногу гласови на 15 јули, пасивноста на граѓаните се должи на епидемијата. самиот летен период, црната кампања на опозицијата, како и поради тоа што овој пат „не се рушела власт како раа на режимот на Никола Груевски“.
– Овие избори беа специфични од повеќе
аспекти. Тие се одвиваа во услови на
светска пандемија Ковид-19, која, за жал, не
ја одмина ниту нашата земја. Изборниот
процес беше 100 процентно безбеден од
здравствен аспект, граѓаните беа целосно
заштитени и нивното здравје во ниту еден
момент не беше загрозено. Сепак, за мал
дел од граѓаните стравот од заразата
влијаеше да не излезат на гласање.
Друга посеризона причина е изборниот
термин, сред лето. Дел од граѓаните веќе ги
имаа напуштено своите места на живеење и
заминаа на одмор низ државата. Оттука
беше и нашето инсистирање изборите да се
одржат порано.
Дополнително, црната пропаганда што ја
водеше ВМРО-ДПМНЕ сигурно
демотивираше дел од граѓаните да излезат
на избори.
Но, конечно, клучната разлика со
изборите во 2016 година е што тогаш
граѓаните излегоа масовно да ја сменат
власта, да турнат режим, а од другата
страна беше Груевски кој се уште вршеше
силен притисок и принуда кај голем дел од
граѓаните. На овие избори не се менуваше
власт, на овие избори се потврдуваше патот
по кој одиме, одговори Заев на едно од прашањата во интервјуто за А1он.
Тој додава дека на овие избори го слушнал тивкиот
глас на многумина од оние кои не излегоа
да гласаат, а бараат правда и дека ќе направел се
тие граѓани да имаат посилна причина да
излезат и да гласаат на следните избори.
Официјалните резултати што во 2016 година ги соопшти Државната изборна комисија кажуваат дека тогаш гласале вкупно 1,19 милиони граѓани или прецизно 1.191.852 граѓани го оствариле своето право на глас. Додека, пак, на овие избори на гласање решиле да отидат 927.640 граѓани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.