Заев кажа датум кога би можеле да имаме избори
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Мај, 2020 17:17
Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев најави дека е можно изборите да се одржат на 21 јуни, по денешната лидерска средба на која не е постигнат консензус за новиот датум за одржување на парламентарните избори.
Како што рече Заев, тоа се законските рокови, согласно со Уредбата на Владата за изборниот процес, која предвидува избори во рок од 22 дена од завршувањето на вонредната состојба.
„Вонредната состојба завршува на 30 мај, значи подгответе се за избори на 21 јуни. Тоа не значи дека нашата одлука е конечна. Ако може Мицкоски да гарантира дека во август или на 12 септември ќе нема ниту еден заболен од ковид-19 подготвени сме да разговараме и за тоа. Во спротивно нема да дозволиме да се прекршува Уставот на државата. Нема бегање од избори“, рече Заев.
Тој посочи дека почувајќи од 2008 до 2016 година во земјава постојано се одржувале предвремени избори, согласно политичката волја на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за него е неодговорно.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





