19 Декември, 2025
0.0579

Заев: Ќе ја тргнеме секоја пречка за изговор од Иванов

Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 13:12

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.

Тема на состанокот беше процесот на формирање нова Влада во Република Македонија.

Заев го информирал амбасадорот Јазбец за обидите од страна на Иванов и Груевски за продлабочување на политичката криза во Македонија, како и за посветеноста на СДСМ за скорешна институцонална разврска на кризата.

„Ја објавивме Програмата на новата реформска Влада за унитарна, суверена Република Македонија, којашто ќе биде посветена на економијата, социјалната кохезија, владеењето на правото, што е интерес на сите граѓани. Планираме да ја тргнеме секоја пречка за изговор од Ѓорге Иванов околу доделувањето на мандатот. Во таа насока, очекувам, во следниот период во Собранието да биде избран новиот претседател на Парламентот кој ќе испрати допис до Иванов дека е формирано парламентарното мнозинство и дека почнува да тече уставниот рок од 10 дена за доделување на мандатот за формирање на новата Влада“, изјавил првиот човек на СДСМ.

Заеднички е констатирано дека е неопходно да продолжат демократските процеси во Македонија по кредибилните избори, во насока на силна посветеност на реформските процеси што обезбедуваат евро-атлантска перспектива на државата, а со тоа и квалитетен животен стандард за граѓаните и стабилност и безбедност на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица